Како да испратите пари
![]() |
Чекор 1 Пресметајте ја провизијата, и одберете една од локациите на Монета – MoneyGram. |
![]() |
Чекор 2 Валидни документи за идентификација кои можат да се користат: Лична карта или пасош. |
![]() |
Чекор 3 Вработениот во Монета – MoneyGram ги регистрира податоците во системот и ви дава формулар кој треба да го потпишете. |
![]() |
Чекор 4 Ќе ви биде даден формулар со референтен број кој треба да му го кажете на примачот за да може да ги подигне парите |
![]() |
Чекор 5 Контактирајте го лицето да го известите дека испраќате пари и дајте го референтниот број. За само 10 минути парите ќе бидат спремни за подигање. |
Персонализирајте го вашиот трансфер: Испратете бесплатна порака од 10 зборови кога го пополнувате формуларот за да ја испратите на примачот.
*Важно: Името на примачот на трансферот мора точно да одговара на неговиот / нејзиното име, како што е во документот за идентификација. Ако тие не одговараат трансакцијата може да биде одложена.
Moneygram – Македонија ја доби наградата за најдобар бренд за брз трансфер на пари помеѓу студентите.
На манифестацијата оддржана во хотелот Александар Палас директорот на претставништвото на Moneygram за Македонија – Шерефедин Амити ја доби престижната награда СТУБРЕНД за најдобар бренд за брз трансфер на пари во Македонија.
Монета останува и понатаму посветена на предизвикот да се биде број еден помеѓу најискрените критичари во општеството – младите и студентите. Веруваме дека со нашите активности ќе ја оправдаме Вашата доверба.
Со почит,
Тимот на Монета