Moneta | AMLMonetaMK

Спречување на перење на пари и спречување на финансирање на тероризам.

Ние сме посветени и константно работиме за нашите услуги да не бидат злоупотребени за нелегални активности. Наша примарна цел во овој поглед е целосна усогласеност на нашите политики и процедури со националното законодавство и меѓународните стандарди во областа на спречување на перење пари, финансирање на тероризам и измама на клиент.

Наша цел е строго спроведување на донесените политики и процедури за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, дизајнирани во целосна согласност со Законот бр. 07-3281/1 за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Мерките кои што ние ги превземаме за спречување на перење пари и финансирање на тероризам се: идентификација на клиентите, следење на трансфери, обука на нашите вработени и нашите агенти, соработка со органите кои што го спроведуваат законот.

За да се изврши трансакција, клиентите мора да бидат присутни во локацијата во која трансакцијата се врши и мора да бидат идентификувани со официјален документ, кој не е истечен и има слика на клиентот. Ние исто така се грижиме за константна едукација на нашите клиенти, со цел тие да не бидат жртва на некоја измама.