MONETA ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС е компанија за вршење на финансиски услуги.

MoneyGram International е компанија основана во 1940 година, која за краток период стана глобално признаен бренд со доверба.

MoneyGram сега нуди услуги на приближно 350.000 агенти во повеќе од 200 земји и има агресивен план за проширување.

МОНЕТА е овластена од страна на MoneyGram International за вршење на услугата брз трансфер на пари на територијата на Република Македонија.

МОНЕТА се стекна со лиценца од страна на Народна Банка на Република Македонија во 2010 година, како небанкарска финансиска институција која ги нуди услугите за “брз трансфер на пари”.

Moneygram – Македонија ја доби наградата за најдобар бренд за брз трансфер на пари помеѓу студентите во 2016.

На манифестацијата оддржана во хотелот Александар Палас директорот на претставништвото на Moneygram за Македонија – Шерефедин Амити ја доби престижната награда СТУБРЕНД за најдобар бренд за брз трансфер на пари во Македонија.

Монета останува и понатаму посветена на предизвикот да се биде број еден помеѓу најискрените критичари во општеството – младите и студентите. Веруваме дека со нашите активности ќе ја оправдаме Вашата доверба.

 

За да посетите една од нашите локации, ве молиме кликнете на локации во Република Македонија.

За да станете еден од нашите субагенти или пак да пријавите некој проблем, ве молиме кликнете контакт.

080614_1858_1.png