AMЛ

Спречете перење пари и спречете го финансирањето на тероризмот.

Ние сме посветени да се погрижиме за нашите услуги да не се злоупотребуваат за незаконски дејствија. Наша примарна цел во овој поглед е целосно усогласување на домашните политики и процедури со локалното законодавство и меѓународните стандарди во областа на спречување на перење пари, финансирање тероризам и измама на клиенти.
Строго ги спроведуваме Политиките и процедурите за спречување на перење пари и борба против финансирање тероризам, кои се изготвени во целосна согласност со ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ. Мерките кои ги спроведуваме за спречување на перење пари и финансирање тероризам се: идентификување клиенти, следење трансфери, обука на нашите вработени и нашите агенти, соработка со органите за спроведување на законот.
За да се изврши трансакцијата, клиентот мора да биде присутен и идентификуван со официјален документ, кој не е истечен и кој ја содржи фотографијата на клиентот.
Ние, исто така, се грижиме да ги едуцираме нашите клиенти да не станат жртва на какви било измами. Кликнете на Грижа за клиенти каде што можете да најдете неколку примери на измами.