Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул. Битпазарска бр.60/1-1, 1000 Скопје, пoштенски факс бр.915, Лиценцирана од страна на Народна Банка на Р.С. Македонија како Давател на услугата Брз Трансфер на Пари – MoneyGram, oбјавува :

ОГЛАС

Службеник во секторот за Администрација и Оператива

Работни задачи и одговорности:

· Обезбедува целосна техничка поддршка на суб-агентите во мрежата на Монета;
· Врши контрола на трансакциите и дневните извештаи на суб-агентите;
· Ги контролира и усогласува извештаите со податоците за трансакциите;
· Врши дневна комуникација и поддршка на суб-агентите при вршење на трансакции;
· Ги води евиденциите за присутност ;
· По налог на управителот изготвува интерни акти и врши други задачи ;
· Собирање на документација и спремање на договори за субагентите, кон НБРСМ и MoneyGram ;
· Вршење на прием и архивирање на документација и фактури ;
· Изготвување на процедури и политики ;
· Евиденција за користење на службените возила ;

Подготовка и професионални вештини:

· Завршено високо образование (Јавна Администрација, Правен Факултет, Економски или Информатика);
· Предност ќе имаат кандитатите со работно искуство во бараната област.
· Одлично познавање на MS Office, особено Excel ;
· Одлични комуникациски вештини на македонски, албански и англиски јазик ;
· Одлични организациски способности ;
· Наклонетост кон тимска работа ;
· Мотивиран за работа со висок квалитет.

Заинтересираните кандидати своето CV на англиски јазик, со фотографија, заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail: kariera@moneta.mk или на адреса: ул. Битпазарка бр.60/1-1, Скопје, Поштенски фах бр.915 со назнака “Службеник во секторот за Администрација и Оператива”.

Напомена:

Огласот важи од 13.01.2023 година до 31.01.2023 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.