Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул. Битпазарска бр.60/1-1, 1000 Скопје, пoштенски факс бр.915, Лиценцирана од страна на Народна Банка на Р. C. Македонија како Давател на услугата Брз Трансфер на Пари – MoneyGram, oбјавува :

ОГЛАС

МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје е небанкарска финансиска институција, водечка компанија во С. Македонија со седиште во Скопје, специјализирана за обезбедување финансиски услуги. Монета нуди услуги за брз трансфер на пари преку својата мрежа на агенти низ C. Македонија. Секогаш имаме простор за професионални и талентирани луѓе. Овој пат бараме да ја пополниме позицијата:

Службеник за Информатичка Технологија

Работни задачи и одговорности:

• Ја одржува инфраструктурата на Информатичка технологија и компјутерска опрема;
• Инсталира, ажурира и одржува ИТ апликации или системи;
• Ги инсталира, ажурира и одржува потребните сервери за оптимално функционирање на компјутерската мрежа (PDC, FileServer, PrintServer, Active Directory итн.);
• Обезбедува оптимално работење на апликациите поврзани со брз трансфер на пари;
• Ажурирање на ИТ политиките и процедурите,
• Обезбедува техничка поддршка поврзана со брз трансфер на пари;

Подготовка и професионални вештини:

• Завршено високо образование од областа на електротехника или информатика ;
• Работно искуство најмалку 2 години во соодветната област, пожелно искуство во финансиски институции;
• Познавање на VoIP технологија;
• Искуство и вештини во SQL;
• Обуки од областа на информатичката технологија;
• Одлично познавање на англискиот јазик;

Заинтересираните кандидати своето CV на англиски јазик со фотографија, заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail: moneta@moneta.mk или на адреса: ул. Битпазарка бр.60/1-1, Скопје, Поштенски фах бр.915 со назнака “Службеник за Информатичка Технологија”.

Напомена:
Огласот важи од 20.01.2023 година до 31.01.2023 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.